• четврток, 26 март 2026

Актери од Романија и Бугарија на фестивалот за монодрама во Битола

Актери од Романија и Бугарија на фестивалот за монодрама во Битола

Битола, 22 мај 2025 (МИА)  - Со настап на актерот Денис Абабеи од Романија и актерката Ана Петрова од Бугарија, вечер во Битола завршува натпреварувачкиот дел од Интернационалниот фестивал на монодрама.

Пред публиката во битолскиот Центар за култура, најнапред ќе се претстави Денис Абабеи кој ќе ја изведе монодрамата „Алма Малер“ чиј режисер е Сашо Димоски, а гостинката Ана Петрова, актерка во државниот куклен театар во Сливен, ќе ја изведе монодрамата „Декамерон“ во режија на Невена Митева.

Интернационалниот фестивал на монодрама завршува утревечер со доделување на наградата Гран при за најдобра монодрама, како и наградите за најдобар актер и најдобар режисер, а во чест на наградените, битолската актерка Соња Михајлова ќе ја изведе монодрамата „Куфер. мк“.мт/лв/

Фото: МИА

 

Остани поврзан