• понеделник, 25 ноември 2024

АИ: Пандемијата ја влоши состојбата со човековите права во светот

АИ: Пандемијата ја влоши состојбата со човековите права во светот
Лондон, 7 април 2021 (МИА) - Пандемијата и дел од воведените рестриктивни мерки во борбата против Ковида-19 имаа катастрофално влијание врз животот на милиони луѓе и повторно ги открија, а во некои случаи и ги влошија моделите на злоупотреба и нееднаквост, се наведува во извештајот на невладината организација Амнести интернешнл (АИ). Во денеска објавениот извештај за состојбата со човековите права во светот за 2020-2021 година, АИ наведува дека коренот на некои злоупотреби е во дискриминацијата заснована врз раса и пол, но оти злоупотребите се оспорени и победени од движењето како што е „И животите на црнците се важни“ и од кампањите за правата на жената. АИ посочува дека за време на пандемијата, некои земји, наводно, влијаеле на состојбата со човековите права со избегнување одговорност или со напади врз мултилатерални институции, на што укажуваат трендовите на кршење на правото на живот, на здравствена и социјална заштита, родово насилство и закани по сексуални и репродуктивни права, како и репресија против неистомислениците. Во извештајот се истакнуваат и долготрајните, но и нови конфликти, при што владините сили и вооружените групи напаѓале цивили, убиле илјадници луѓе, предизвикаче масовно раселување и хуманитарни кризи. АИ посочува и дека милиони луѓе страдаат од катастрофи предизвикани од климатската криза. - Иако изгледа дека светот како да се рапаѓа, лидерите имаат можност со мерките за заздравување од пандемијата и другите кризи во областа на човековитре права да ја оживеаат меѓународната соработка и да осмислат поправедна иднина, се потенцира во извештајот на АИ. Исто така се истакнува дека владите треба да обезбедат вакцините против Ковид-19 да бидат достапни до сите и да да се даваат бесплатно. АИ препорачува владите да поддржат развојот на глобален фонд за социјална заштита заснован на стандардите за човекови права. - Богатите земји и меѓународните финансиски институции мора да осигурат дека сите земји имаат ресурси потребни за да одговорат и да се опорават од пандемијата, вклучително и преку пролонгирање или отпишување на долговите, наведува АИ. Амнести интернешнл бара дека владите итно да преземат заеднички активности за да ги запрат негативните реакции на правата на жените и на ЛГБТИ лицата и да спроведат конкретни мерки за постигнување родова правда. - За да се изгради иднина во која институциите со мандат за заштита на меѓународното право можат ефикасно да спречуваат и да одговараат на репресијата и другите повреди на човековите права, сите земји треба да ги зајакнат и целосно финансираат механизмите и институциите за човекови права на Обединети нации и да соработуваат со Меѓународниот кривичен суд, се посочува во извештајот на АИ. ми/

Остани поврзан