• среда, 25 декември 2024

АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика

АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика

Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија распишува конкурс за истражувачки проект од областа на ликовната критика. Конкурсот е отворен до 2 јули 2021 година и наградата е во висина од 30.000 денари и за неа ќе одлучува трочлено стручно жири.

Од АИКА Македонија информираат дека наградата има за цел да понуди можност за промислување на третманот и позициите на ликовната критика денес и на критичкото пишување за појавите и тенденциите во современите визуелни уметности и теоријата на уметноста.

Право за учество имаат сите историчари на уметноста, критичари, теоретичари, интердисциплинарни истражувачи и други профили на креативни автори поврзани со ликовните и визуелните уметности во Македонија (освен членовите на У.О. на АИКА Македонија). Кандидатите треба да се граѓани на Република Северна Македонија или пак странски државјани кои живеат и работат на територијата на Република Северна Македонија повеќе од една година. Кандидатите треба да достават: - опис на предложениот проект и методологија на неговата реализација (не повеќе од 1500 збора) - CV на кандидатот (или доколку станува збор за група истражувачи на сите поединечни членови на истражувањето). - Недостатокот од пишана критика и потребата од афирмација на критичко делување во контекст на современата уметност, е основниот поттик за овој конкурс. Конкурсот е отворен за проекти кои ликовната критика ќе ја препознаат како практична дисциплина која теориски ја интерпретира тековната уметничка продукција и иницира нејзината артикулација во контекст на современите уметнички продукции, посочуваат од АИКА Македонија. Наградата го носи името на Ладислав Баришиќ (1941-1991), ликовен критичар и историчар на уметност, кој во рамките на ликовната публицистика беше активен во периодот од 1972 до 1986. Тој е автор на текстови во кои критичарскиот став кон одреден културен настан се одликуваше првенствено со отпор кон априорното мислење својствено за догмите на времето во кое создавал. Наградениот проект треба да биде изработен до ноември 2021 година, пред годишниот симпозиум на АИКА Македонија каде наградената реализација ќе биде претставена. Материјалите треба да се испратат на следната адреса: contact@aica-macedonia.org.mk., додека добитникот на наградата ќе биде известен најдоцна до 15 јули 2021 година. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.фф/са/

Остани поврзан