• сабота, 21 декември 2024

Азиското фудбалско првенство урива рекорди на социјалните мрежи

Азиското фудбалско првенство урива рекорди на социјалните мрежи

Катар, 22 јануари 2024 (МИА) – Азиското фудбалско првенство во Катар провлече повеќе од 1.5 милијарди обожаватели преку разните дигитални канали во првите десет денови, што е рекорд во историјата на турнирот, објави денеска катарската новинска агенција КНА.

Претходното првенство кое пред четири години се одржа во Обединетите Арапски Емирати донесе 836 милиони интеракции преку дигиталните канали, што е речиси двојно помалку од турнирот во Катар.

За рекордната бројка придонесе и тоа што ова Азиско превенство прв пат е достапно на 13 различни јазици на единаесет платформи како Facebook, Instagram, X, Tiktok, Snapchat, Telegram, Threads, YouTube, Weibo, Douyin и Toutiao.

Отворањето на Азиското првенство и натпреварот меѓу Катар и Либан го гледаа од трибините на стадионот рекордни 82.490 навивачи, а 18. Издание на турнирот го следат дури 60 телевизиски куќи кои ги емитуваат натпреварите во повеќе од 60 територии и нации ширум светот. ег/

Фото: Х

Остани поврзан