• понеделник, 23 декември 2024

Азиска премиера на „Бизнисот на задоволството“

Азиска премиера на „Бизнисот на задоволството“

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - Политичкиот трилер во режија на Гоце Цветановски, вечер ќе биде прикажан на 21. издание на  Меѓународниот филсми фестивал во Ченаи како дел од официјалната селекција во програмата World Cinema competition.


„Бизнисот на задоволството“ досега е селектиран на повеќе од 20 меѓународни филмски фестивали во Европа, Америка, Јужна Америка и Африка, и е добитник на пет интернационални награди.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка од Агенцијата за филм.лв/

 

Остани поврзан