• четврток, 26 март 2026

Ажуриран смртнен биланс: Во пожарот во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Ажуриран смртнен биланс: Во пожарот во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Тузла, 5 ноември 2025 (МИА) - Единаесет лица загинаа, а 35 се повредени во пожар што синоќа го зафати Домот за пензионери во Тузла, јавија утрово сараевските медиуми.

Меѓу повредените има и тројца полициски службеници и петмина пожарникари.
Според информациите, пожарот избувнал околу 21 часот на седмиот кат од зградата, каде што биле сместени неподвижни и тешко подвижни лица.

Екипи на противпожарната служба, полицијата и итната медицинска помош веднаш излегле на терен, а повредените биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Истражните органи ја утврдуваат причината за пожарот. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан