• понеделник, 25 ноември 2024

Аерофлот откажува летови кон европските дестинации

Аерофлот откажува летови кон европските дестинации
 Москва, 27 февруари 2022 (МИА) - Руската авиокомпанија Аерофлот денеска соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување. Аерофлот објави соопштение откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина. Европската унија претходно денеска одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони. зш/

Остани поврзан