• недела, 22 декември 2024

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград отворен за сообраќај, дојавите за бомби биле лажни

Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград отворен за сообраќај, дојавите за бомби биле лажни

Белград, 1 март 2024 (МИА) - Белградскиот аеродром „Никола Тесла“, синоќа, од 22,30 часот, повторно е отворен за авиосообраќај, соопштија службите на аеродромот.

Радио телевизија на Србија (РТС) објави дека извештаите за бомби биле лажни.

Околу 19 часот и 15 минути на белградскиот аеродром пристигнала дојава за поставена бомба, по што била извршена контрадиверзантска проверка, а патниците биле евакуирани. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан