• недела, 22 декември 2024

АЕК му нуди рекордна плата на Марсијал

АЕК му нуди рекордна плата на Марсијал

Атина, 4 септември 2024 (МИА) - Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал размислува за понуда од АЕК Атина, пренесуваат грчки спортски медиуми. Французинот е слободен агент и може да потпише во секое време.

Според информациите, АЕК му нуди рекордна плата за клубот. Не се знае колкава е точната сума, но секако е поголема од надоместокот на Ерик Ламела, кој моментално е на врвот по плати со 2 милиони евра.

Иако се работи за сериозен хонорар според стандардите на грчкиот фудбал, евентуалните приходи на Марсијал ќе бледнеат во споредба со оние што ги имаше на „Олд Трафорд“ - 250.000 фунти неделно.

Инаку, АЕК е заинтересиран и за Давид Датро Фофана, кој е во сопственост на Челси, но не спаѓа во плановите на менаџерот Енцо Мареска.

Трансфер пазарот во Грција е отворен до 11 септември. дс

Фото: Архива

Остани поврзан