• вторник, 05 ноември 2024

АД ЕСМ: Ремонт на Блок 1 на РЕК Битола за поголема стабилност и доверливост во пресрет на грејната сезона

АД ЕСМ: Ремонт на Блок 1 на РЕК Битола за поголема стабилност и доверливост во пресрет на грејната сезона
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - АД ЕСМ соопшти дека денеска започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола, и во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона. Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола ќе се изведува пократко од вообичаениот период. Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денеска во погон е ставен РЕК Осломеј, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ Неготино. По завршувањето на ремонтот на Блок 1, планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември, информираат од АД ЕСМ.са/

Остани поврзан