• недела, 17 ноември 2024

Адолф Хитлер победник на локалните избори во Намибија

Адолф Хитлер победник на локалните избори во Намибија
Виндхук, 3 декември 2020 (МИА) - На локалните избори во Намибија избран е кандидат чие име е Адолф Хитлер, пишува германскиот весник „Билд“. Овој 54-годишен Набиец, Адолф Хитлер Уунона, освоил 84,88 отсто од гласовите во дистриктот Омпунџа, во северниот дел на Намибија. Намибискиот Адолф Хитлер ја започнал својата политичка кариера во партијата „Свапо“, со која победи на актуелните регионални избори. Тој за германскиот весник објасни дека името му го дал неговиот татко. - Очевидно мојот татко не разбрал кој е Адолф Хитлер, изјавил 54-годишниот Набиец, кој додека бил дете името му било сосема нормално, се додека не пораснал и дознал чие име го носи. Во јавност настапува најмногу како Адолф Уунона и го изостава Хитлер. Тој вели дека не може да го смени името, бидејќи се наоѓа во сите негови официјални документи. - Сега е веќе доцна за такво нешто, наведува Адолф, објаснувајќи дека тоа име било вообичаено во Намибија, која е поранешна германска колонија. гт/

Остани поврзан