• сабота, 23 ноември 2024

АДМИРАЛ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ

АДМИРАЛ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ
Надвор од средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од организаторите на игрите на среќа за програмите на Агенцијата за млади и спорт, членките на Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија продолжуваат преку различни проекти да го поддржуваат развојот на спортот. „МА Гаминг“ ДООЕЛ Скопје, кој е застапник на брендот „Адмирал“ во Северна Македонија, преку спонзорски договори станува партнер на македонските спортски гиганти. Автомат клубовите „Адмирал“ се присутни на домашно тло од 2009 година, како претставник на австриски „Новоматик“ и овој глобално реномиран бренд редовно е дел од различни донаторски проекти. Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје ги потврди големите амбиции за натпреварувачката 2022/23 година, со објавата на новиот спонзор „Адмирал“, што ги израдува навивачите, но истовремени и ги зголеми очекувањата за потенцијалниот спортски успех на тимот од Аеродром на сите фронтови. Несомнено е дека секој вид поддршка за професионалниот спорт значи сериозен придонес во правилниот развој и воспитувањето на младината од различни генерации. Младите гледаат свои идоли во професионалните спортисти и неретко се идентификуваат со индивидуалните и колективните успеси. Не случајно на повидок е и ново партнерство на „Адмирал“ во македонскиот ракомет, за што јавноста дополнително ќе биде запознаена. „Во рамки на нашите деловни можности продолжуваме и понатаму да придонесуваме во општествениот развој. Во нашиот корпоративен код е вградена општествената одговорност. Не само тука, туку и секаде во светот каде е застапен Адмирал. Младите се иднината на секоја држава и затоа наш фокус е подршката на проекти кои инвестираат во нивниот правилен развој, едукација и воспитување. Веруваме дека партнерството на Адмирал со МЗТ е еден вистински чекор во таа насока “, изјави г-дин Петар Пенчев, директорот на „МА Гаминг“ ДООЕЛ Скопје. Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија, како претставник на реномирани компании од ЕУ, продолжува да демонстрира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сегменти, јавното здравство, спортот и културата. Без разликата на сериозните економски последици од повеќегодишната здравствена и енергетска криза, никогаш не отстапи од деловното мото - секогаш општествено одговорни компании! Така продолжуваат и во иднина!   _____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Тагови

Остани поврзан