• петок, 12 април 2024

Администрацијата на Паркови и зеленило го чистеше Паркот на прироодата Гази Баба

Администрацијата на Паркови и зеленило го чистеше Паркот на прироодата Гази Баба

Скопје, 5 јуни 2023 (МИА) - По повод 5 јуни, Меѓународниот ден на животната средина, денеска административните службеници заедно со директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ - Скопје, Сефи Шабани, спроведоа акција за чистење во Паркот на природата Гази Баба која се реализираше под мотото „Да го промениме светот, почнувајќи од својата животна средина“, известуваат од претпријатието.

Од „Паркови и зеленило“ информираат дека во рамките на акцијата уреден е просторот кај ливадата, покрај Природно-математичкиот факутет, шумската патека и преостанатото зеленило во паркот. 

- Денешната акција за чистење на паркот од смет и отпадоци е само дел од заложбата на ЈП Паркови и зеленило за чиста и здрава животна околина, како и за зголемување на свеста на сите посетители во парковите низ градот, се вели во соопштението. сх/сп/

Фото: ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје

Остани поврзан