Адили Емини: Владата на ВЛЕН презеде важен чекор - измени на Законот за биомедицински асистирана бременост
- СООПШТЕНИЕ - Во основата на секое вредно одлучуванье треба да стои човекот, со достоинство, надеж и право да го живее својот живот во целост. Од сите болки што може да ги доживее едно семејство, неможноста да се донесе на живот едно дете е меѓу најдлабоките.
Скопје, 22 јули 2025
Во основата на секое вредно одлучуванье треба да стои човекот, со достоинство, надеж и право да го живее својот живот во целост. Од сите болки што може да ги доживее едно семејство, неможноста да се донесе на живот едно дете е меѓу најдлабоките. И нашата должност како претставници на народот, е да градиме политики кои не само што ја слушаат оваа болка туку и одговараат со конкретни решенија.
Токму од оваа филозофија и чувство на човечка и институционална одговорност, Владата на ВЛЕН презеде важен чекор: измени на Законот за биомедицински асистирана бременост, што стана возможно преку измена на Законот на здравствено осигуруванье.
Оваа измена им овозможува на осигурените граѓани да имаат корист од процедури за ин витро оплодуванье, вклучувајќи:
- Автологно оплодуванье, каде што се користат репродуктивните клетки на паровите зачувувајќи jа генетската врска со биолошките родители.
- Алогено оплодуванье кое користи клетки од надворешни донатори, за случаи кога паровите не се во можност да произведат здрави клетки.
Од три обиди што беа дозволени претходно, со новите измени, бројот на обиди се зголемува на шест, со што значително се зголемуваат шансите за успешна бременост. Оваа е повеќе од техничка промена, тоа е голем чекор кон здравствена правда, еднаквост во третманот и вистинската грижа за граѓанинот.
Покрај тоа, овој закон е еден од најнапредните во регионот, бидејќи не наметнува ограничување во возраста, не го ограничува бројот на деца што можат да се родат од оваа постапка.
Ова не е само закон, туку искрена посветеност на ВЛЕН да биде блиску до граѓаните, каде што политиката има смисла: во реалниот живот, во соништата на идните родители, во иднината што сакаме да jа изградиме заедно.
Нашето владеење е владеење до човечко лице. Ние не правиме разлики, не поставуваме бариери, не делиме празни ветувања, ние создаваме можности.
Ова е чекор за живот.
Ова е ВЛЕН за човекот.
Валбона Адили Емини
Коалиција „Вреди“
_____________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки