• четврток, 14 ноември 2024

Адидас ја продава својата филијала Рибок на американска компанија за 2,1 милијарди евра

Адидас ја продава својата филијала Рибок на американска компанија за 2,1 милијарди евра
Берлин, 12 август 2021 (МИА) - Производителот на спортска опрема Адидас објави денеска дека склучил договор за продажба на својата филијала Рибок на американската компанија Authentic Brands Group, за 2,1 милијарди евра. Тој износ во голема мера ќе биде платен во готово, а трансакцијата треба да биде завршена во првиот квартал од 2022 година, по одобрување од надлежните органи, се наведува во соопштението на германската група. Во почетокот на август, групата објави дека е во процес на финализирање на продажбата на нејзината филијала, која веќе престана со работа во рамките на групата во почетокот на 2021 година. Адидас го купи Рибок за 3,1 милијарди евра во 2006 година со цел да се приближи до својот голем ривал Најк. Уште откако беше купена од германската група Рибок секогаш се сметаше за проблематичен во групата и се ширеа гласини дека Адидас ќе го продаде. зш/

Остани поврзан