• сабота, 28 февруари 2026

Адетокунбо станува косопственик на женскиот фудбалски клуб Челзи

Адетокунбо станува косопственик на женскиот фудбалски клуб Челзи

Лондон, 8 февруари 2026 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, се приклучи на групата косопственици на женскиот фудбалски клуб Челзи.

Триесет и едногодишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост и чест за можноста.

- Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. Станува збор за амбиција, наследство и подигнување на играта на следното ниво. Напред Челзи! - напиша Адетокунбо на социјалните медиуми.

Јанис е шампион на НБА и МВП на финалето на НБА во 2021 година. Тој играше на седум Ол-стар натпревари.

Челзи е трет на табелата на Англиското првенство во женски фудбал со 27 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан