• петок, 22 ноември 2024

Адеми -Троказ: Француска поддршка за европските аспирации на земјата и на Западен Балкан

Адеми -Троказ: Француска поддршка за европските аспирации на земјата и на Западен Балкан

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Арбер Адеми денеска имал средба со Рене Троказ, специјален пратеник за Западен Балкан и Матје Абграл, надлежен за Северна Македонија и Црна Гора и за безбедносни прашања на Западен Балкан во француското Министерство за Европа и за надворешни работи, во придружба на францускиот амбасадор во нашата земја Сирил Бомгартнер.

На средбата, соопштија од собраниската Комисија, Адеми информирал за актуелните случувања во земјата и можостите за уставни промени, за внесување на Бугарската заедница во нашиот Устав, со цел да продолжи процесот на преговори со ЕУ.

- Осврнувајќи се на напредокот на нашата земја кон ЕУ, истакнал дека очекува тој да оди по нагорна линија, имајќи ги предвид најновите геополитички процеси во регионот, кои се во насока на продолжување на процесот на проширување со земјите од ЗБ.Во тој контекст,истакна дека не смееме да ја пропуштиме оваа неповторлива шанса која ја имаме,и затоа треба да го дадеме нашиот глас за Европа, при што изрази благодарност за досегашната принципиелна поддршка и посветеност на Франција за нашите евроинтеграции, се вели во соопштението.

Соговорниците се согласиле дека забрзувањето на евроинтегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион, и дека пристапувањето и крајно, членството во ЕУ ќе придонесат за побрз економски и општествен развој на регионот, како и пофункционална демократија и владеење на правото. цр/са/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан