• понеделник, 23 декември 2024

Агенцијата за управување со одземен имот ќе претседава со БАМИН мрежата во периодот 2024 - 2025

Агенцијата за управување со одземен имот ќе претседава со БАМИН мрежата во периодот 2024 - 2025

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија ќе претседава со БАМИН мрежата (Балканската интерагенциска мрежа за управување со нелегално стекнат имот) во периодот 2024 - 2025 година. 

- Со задоволство објавувам дека имам чест како директор на Агенцијата за управување со одземен имот, да  претседавам со БАМИН мрежата во периодот 2024 - 2025 година. Со голема чест Р.С. Македонија ќе го одржи Претседателството на Бамин во наведениот период, а оваа одлука ја донесовме денес на одржаната седница на Управнот одбор на БАМИН мрежата, објави директорот на Агенцијата Друтон Небиу. 

Ова, посочува Небиу, претставува голем чекор во напредокот за нашата земја во областа на управувањето со одземениот имот, а при тоа и во зајакнувањето на капацитетите на финансиските истраги и конфискација на нелегално стекнат имот. аа/

Фото: Агенцијата за управување со одземен имот 

Остани поврзан