Агенцијата за управување со одземен имот спроведе акција за уништување на одземени предмети на кумановската депонија „Краста“
- Агенцијата за управување со одземен имот денеска спроведе акција за уништување на одземени предмети.
Куманово, 25 април 2025 (МИА) - Агенцијата за управување со одземен имот денеска спроведе акција за уништување на одземени предмети.
Од Агенцијата информираат дека акцијата била спроведена на депонијата „Краста“ со која менаџира јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ Куманово.

-Акцијата беше организирана и спроведена од страна на Комисијата за уништување на одземени наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, формирана од Управниот одбор на Агенцијата. Согласно претходно изготвените списоци и одлуки, уништени беа предмети кои не можат да се продаваат поради здравствени, ветеринарни и фитосанитарни ризици, како и значителна количина тутунски и алкохолни производи без соодветна декларација или со фалсификувано потекло, соопштија од Агенцијата. ам/фф/
Фото: ФБ Агенција за управување со одземен имот