• четврток, 26 март 2026

Агенцијата за остварување на правата на заедниците го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

Агенцијата за остварување на правата на заедниците го одбележа Меѓународниот ден на човековите права

Скопје, 11 декември 2025

Агенцијата за остварување на правата на заедниците вчера го одбележа 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права со свечена мултикултурна манифестација во Кинотеката на Македонија. Настанот беше посветен на промовирање на еднаквоста, достоинството, почитувањето и богатството на различностите што ја градат заедничката иднина на сите
заедници во државата.

Присутните ги поздрави директорот на Агенцијата, г-дин Далибор Китановиќ, кој истакна дека човековите права претставуваат секојдневна обврска и заедничка одговорност, а дијалогот и солидарноста се темел на изградба на правично и демократско општество.

Во рамки на културно-уметничката програма настапија истакнати артисти и културно-уметнички друштва, меѓу кои Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, КУД „Љиљан“, КУД „Српски Вез“ – Куманово, КУД „Јени Јол“, Љупчо Тасков – Џујапи, КУД „Бајрам Шабани“ и Ансамблот за ромски игри и песни „Рушид Шаќир“. Со своите изведби тие ја претставија културната
разновидност на заедниците и значењето на заедништвото преку воспоставување мостови на меѓусебно почитување.

На сите учесници им беа доделени Благодарници како признание за придонесот во одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и во унапредувањето на мултикултурниот дух во Северна Македонија.

Настанот заврши со заеднички коктел и дружење, при што беше упатена порака за продолжување на вложувањата во човековите права, културниот дијалог и промовирањето на еднакви можности за сите граѓани.

Агенција за остварување на правата на заедниците

Фото: Агенција за остварување на правата на заедниците

Остани поврзан