• четврток, 09 мај 2024

Агенциите на ОН ќе бараат 3,1 милијарди долари помош за Украина во 2024 година

Агенциите на ОН ќе бараат 3,1 милијарди долари помош за Украина во 2024 година

Женева, 10 јануари 2024 (МИА) – Агенциите на Обединетите нации следната недела, ќе бараат 3,1 милијарда долари за финансирање помош за Украина за оваа година, изјави денеска пред Советот за безбедност на ОН високиот хуманитарен функционер Едем Восорно.

Изјавата на Восорно, директор на Одделот за операции и застапување на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА), доаѓа во момент кога ОЦХА и агенцијата за бегалци на ОН се подготвуваат да почнат со планови за Украина на 15 јануари.

ОЦХА соопшти дека повеќе од 14,6 милиони луѓе, или 40 отсто од населението на Украина, ќе имаат потреба од хуманитарна помош оваа година поради руските напади. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан