• понеделник, 23 декември 2024

Автоспорт: Верстапен ќе изгуби 10 позиции на стартот на белгиското Гран при поради промена на моторот

Автоспорт: Верстапен ќе изгуби 10 позиции на стартот на белгиското Гран при поради промена на моторот

Спа, 25 јули 2024 (МИА) – Актуелниот светски првак и лидер во Формула 1 шампионатот, Макс Верстапен ќе добие казна за Големата награда на Белгија.

Според „Autosport“, Ред Бул одлучил да го замени моторот со внатрешно согорување во болидот на Макс Верстапен пред етапата во Спа. Имајќи предвид дека станува збор за надминување на дозволениот број на променети елементи за сезоната, Верстапен ќе се соочи со губење на најмалку 10 позиции на стартот.

Ред Бул ја препознаа неизбежната потреба за замена на моторот со внатрешно согорување во одреден момент и на крајот решија да се одлучат тоа да го сторат на патеката Спа, каде претекнувањето е многу полесно од многу други патеки кои ќе бидат домаќини до крајот на сезоната.

Забележано е дека во иднина болидот на Верстапен ќе мора да ја смени и турбината, батеријата ERS, електричниот мотор и контролната единица за електроника. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан