• вторник, 16 јули 2024

Автори од Крива Паланка претставени на „Паланечка дума"

Автори од  Крива Паланка претставени на „Паланечка дума

Крива Паланка, 9 јули 2024 (МИА) - Над дваесетина роднокрајни автори од Крива Паланка синоќа беа претставени на настанот  „Паланечка дума" што се одржа на летната сцена во градскиот парк во Крива Паланка - „Град на културата" во 2024.

На настанот, организиран од НУ Центар за култура Крива Паланка, беа рецитирани стихови, се читаше проза и беа изведени сцени од делата на поети, романсиери и драматурзи од овој град.

-Емоции преточени во стихови, карактери - од роман ликови и паланечки дијалект низ драмски реплики од дваесетина автори од Крива Паланка, роднокрајни творци, одекнаа во етерот на летната сцена во градот на настанот посветен на роднокрајни автори - „Паланечка дума". Богатото локално творештво низ раскошна книжевна лепеза беше презентирано, а публиката со задоволство и громогласен аплауз го поздрави изборот на организаторот, да ги собере на едно место авторите чиишто дела ја збогатуваат и за идните поколенија ја оставаат збирката авторски белетристични публикации, соопшти службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Настанот беше дел од манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата" и „Кривопаланечко културно лето". Публиката беше почестена со уште една одлична книжевна вечер, а со музички перформанс настанот го збогати младата, талентирана Нина Николовска, државен првак во соло пеење што оствари највисоки награди под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски. ид/хс/

 

 

Остани поврзан