• четврток, 19 март 2026

Австрискиот амабасадор Мартин Памер во посета на Општина Кочани

Австрискиот амабасадор Мартин Памер во посета на Општина Кочани

Кочани, 26 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, денеска ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

На средбата, информираат од локалната самоуправа, се разговараше за лекувањето и поддршката на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, за актуелната состојба во Кочани по трагичниот настан, како и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

-Посебен акцент беше ставен на интересот за австриски инвестиции во регионот и потенцијалите што ги нуди општината во повеќе области, соопштија од Општината.

Градоначалникот Грозданов, се наведува во соопштението, го информирал амбасадорот Памер за активностите што ги презема локалната самоуправа во насока на справување со последиците од несреќата, како и за тековните и планираните развојни проекти. Притоа била истакната важноста од меѓународната поддршка и солидарност во процесот на закрепнување на заедницата.


Во рамките на престојот во Кочани, амбасадорот Памер ги посети ОУ „Раде Кратовче“, Територијална противпожарна единица Кочани и Геотерма, каде што се запозна со условите за работа, капацитетите и можностите за понатамошна соработка. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан