• недела, 22 декември 2024

Австриецот Шварцлер го освои „Македонија Опен“

Австриецот Шварцлер го освои „Македонија Опен“

Скопје, 25 мај 2024 (МИА) – Младиот 18-годишен австриски тенисер Жоел Шварцлер е победник на годинашново издание на „Македонија Опен“, откако во финалето денеска го совлада Полјакот Камил Мајхчак со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).

Финалниот дуел траеше еден час и 21 минути.

Шварцлер е во моментов најдобриот светски јуниор, а ова е негов прв триумф на Челинџер турнир во кариерата.

„Честитки за организаторите. Ова за мене беше одлична недела. Одиграв одличен турнир и задоволен сум од мојот настап. Ова е голем успех за мене и прв освоен Челинџер турнир, затоа сум пресреќен“, изјави Шварцлер.

Шварцлер за триумфот на „Македонија Опен“ ќе добиве 75 поени и 10.200 евра, додека финалистот Мајхчак ќе добие 44 поени и 6.015 евра.

Во конкуренција на двојки победија Сигерман и Трхач од САД откако во финалето со 2-0 во сетови ги победија Поулсен и Рикл од Чешка. ег ФОТО: МТФ

Остани поврзан