• сабота, 21 декември 2024

Австралија ја укина „златната виза“ за богатите инвеститори од странство

Австралија ја укина „златната виза“ за богатите инвеститори од странство

Канбера, 22 јануари 2024 (МИА) – Австралија ја укина „златната виза“ која им овозможуваше на богатите инвеститори од странство да живеат во земјата, а главната причина е што таа била злоупотребена од корумпирани функционери.

Оваа програма беше осмислена за да привлече странски инвестиции, а е отфрлена откако австралиската влада, по повеќекратни контроли, утврди дека не постигнува задоволителни економски резултати, јави Би-Би-Си.

- Со години е јасно дека оваа виза не го испорачува она што ѝ треба на нашата земја и економија, изјави министерката за внатрешни работи Клер О’Нил. јт/

Фото: Илустрација

Остани поврзан