• недела, 22 декември 2024

Австралија укинува воен сателитски систем вреден повеќе милијарди долари

Австралија укинува воен сателитски систем вреден повеќе милијарди долари

Сиднеј, 4 ноември 2024 (МИА) – Австралија го укина системот за сателитска комуникација што се развива за војската, соопшти денеска владата, пренесе ДПА.

На Локхед Мартин Австралија минатата година му беше доделен тендерот за изградба на сателитски комуникациски систем за геостационарна орбита на Земјата (GEO) во сопственост и управуван од одбраната.

Кога тендерот беше доделен, владата соопшти дека станува збор за проект од „повеќе милијарди долари“ кој ќе го испорача првиот австралиски сателитски комуникациски систем над регионите на Индо-Пацифичкиот океан.

Сепак, австралиското Министерство за одбрана соопшти дека „забрзувањето на вселенските технологии и заканите кои се развиваат во вселената“ значат дека еден сателитски комуникациски систем базиран на ГЕО во една орбита повеќе нема да ги исполнува стратешките приоритети.

- Наместо решение за единечна орбита, одбраната мора да даде приоритет на способноста за повеќе орбити, што ја зголемува отпорноста на австралиските одбранбени сили, се вели во соопштението на Министерството.

- Оваа одлука ѝ овозможува на одбраната да даде приоритет на новите потреби, да ги ублажи празнините во способностите и да продолжи да ја поддржува нашата транзиција кон интегрирана, фокусирана сила, стои во текстот.

Австралискиот премиерот Ентони Албанез за австралискиот радиодифузер Еј-Би-Си изјави дека буџетот за одбрана на земјата се зголемува, но неговата влада дава приоритет на нејзините набавки.

- Ние сме зафатени со приоритети на сите наши набавки кога станува збор за одбранбените средства, добивме значително зголемување на нашиот буџет за одбрана и ќе се погрижиме сите одлуки што ги носиме да бидат во наш национален интерес, рече тој. јт/

Фото: Локхед Мартин Австралија

Остани поврзан