• недела, 08 март 2026

Австралија издвојува 2,7 милијарди долари за изградба на бродоградилиште за нуклеарни подморници

Австралија издвојува 2,7 милијарди долари за изградба на бродоградилиште за нуклеарни подморници

Канбера, 15 февруари 2026 (МИА) -  Австралија  ќе потроши 3,9 милијарди австралиски долари (2,76 милијарди американски долари) за изградба на бродоградилиште што ќе помогне во испораката на нуклеарни подморници во рамките на трилатералниот одбранбен договор Аукус што го има со САД и Велика Британија.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека средствата ќе бидат инвестирани во ново бродоградилиште за нуклеарни подморници во Осборн, предградие на Аделаида во државата Јужна Австралија.

Албанезе изјави дека изградбата на тоа бродоградилиште ќе бара издвојување на уште 18 милијарди американски долари во наредните децении. зш/

Остани поврзан