• петок, 22 ноември 2024

Австралиска студентка ја тужи Владата оти не ги открила климатските ризици на обврзниците

Австралиска студентка ја тужи Владата оти не ги открила климатските ризици на обврзниците
Мелбурн, 22 јули 2020 (МИА) - Австралиска студентка ја тужи Владата, тврдејќи дека не открила ризици за инвеститорите поврзани со климатските промени при продажба на државни обврзници. Во тужбата поднесена денеска, 23-годишната Кетлин О'Донел тврди дека купувачите на австралиските државни обврзници треба да бидат свесни за ризиците од климатските промени, што може да и отежнат на Австралија да го врати својот долг. Портпаролката на австралиското Министерство за финансии изјави дека Владата е свесна за тужбата. - Адвокатите го разгледуваат прашањето. Што се однесува до судските постапки, Владата нема да коментира, рече портпаролката. Климатските промени одамна беа „жешко“ прашање во Австралија, а станаа уште поважни по четиримесечните интензивни пожари во големите области на земјата минатото лето, во кои загинаа 33 жители, но и милиони животни. „Австралија е материјално изложена и ранлива на ризиците од климатските промени“, се наведува во поднесокот на Кетлин О'Донел до Федералниот суд на Австралија во државата Викторија.
Австралија има повеќе од 600 милијарди австралиски долари (428 милијарди американски долари) во државни обврзници, кои имаат оценка „ААА“ од трите најголеми рејтинг агенци.
Глобалните финансиски власти исто така ги поттикнуваат банките да ја подобрат транспарентноста во однос на изложеноста на ризици од климатските промени, тврдејќи дека таквите објави се предуслов важен за учесниците во пазарот, како што О’Донел исто така наведува во парничната постапка. паг/
   

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан