Австралиецот со македонско потекло Кочанковски нов фудбалер на Брегалница
- Пред продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига, штипска Брегалница дополнително го засили средниот ред.

Штип, 2 септември 2023 (МИА) – Пред продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига, штипска Брегалница дополнително го засили средниот ред.
Ново име во редовите на „сините“, како што е соопштено, е младиот Австралиец со македонско потекло, Зак Кочанковски.
Дваесетгодишниот Кочанковски доаѓа од екипата на Вестерн јунајтед од А-лигата на Австралија каде настапуваше изминативе две сезони.
Брегалница е третопласирана на табелата по воведните пет натпревари во новата сезона со девет бодови, а клупските амбиции се прв пат во историјата да обезбеди настап на европската сцена следната сезона. ег/вг/
Фото: ФК Брегалница