• петок, 22 ноември 2024

Аврам Грант: За четврто место со Челси, Абрамович ќе ме протераше на Сибир

Аврам Грант: За четврто место со Челси, Абрамович ќе ме протераше на Сибир
Лондон, 30 јули 2020 (МИА) - Поранешниот менаџер на Челси, Аврам Грант, кој го загуби финалето на Лигата на шампионите во 2008 година, го коментираше настапот на тимот минатата сезона во Премиер лигата. Израелскиот стручњак не смета дека четвртото место е успех и истакна дека очигледно критериумите во клубот се спуштаат во однос на времето кога тој го тренирал тимот. - Севкупно, сезоната е добра во позадина на лошиот почеток и невозможноста за трансфери на почетокот. Барања на Абрамович? Ако би рекол пред неколку години дека четвртото место е успех, тој веројатно ќе ме протераше на Сибир. Но, во сегашната ситуација рангирањето е прифатливо, рече Грант. Под раководство на Израелецот, Челси заврши на второто место во Премиер Лигата во сезоната 2007/08 и стигна до финалето во Лигата на шампионите, губејќи од Манчестер Јунајтед на пенали.

Тагови

Остани поврзан