• понеделник, 23 декември 2024

АВМУ го осудува вчерашниот физички напад врз новинарот Фуркан Салиу

АВМУ го осудува вчерашниот физички напад врз новинарот Фуркан Салиу

Скопје, 22 март 2024

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот физички напад од страна на извршителката Весна Јакимовска од Кичево, врз новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс.

Имајќи предвид дека напад на новинар во Кривичниот законик се третира како напад врз службено лице, апсолутно е неприфатливо ваквото однесување од лица кои спроведуваат делови од правниот систем.

Како и во повеќе наврати досега, Агенцијата посочува дека е неопходно да се овозможат услови за безбедно и професионално извршување на работните задачи на претставниците на медиумите.

 

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан