„Авицена женска трка“ на бул. „Илинден“, сообраќаен режим од 9 до 11 часот
- Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска претпладне во главниот град ќе се одржи 12-то издание на „Авицена женска трка“.

Скопје, 7 април 2024 (МИА) - Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска претпладне во главниот град ќе се одржи 12-то издание на „Авицена женска трка“.
Стартот на трката е во 10 часот од бул. „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“, а учесничките ќе трчаат три километри. Пред почетокот, во 9:40 часот, предвидено е загревање со аеробик вежби.
Поради одржување на трката, од 9 до 11 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“.
-И оваа година има голем број пријавени за трката. На сите учеснички им посакуваме среќа, соопштија организаторите на „Авицена женска трка“. хс/аа/
Фото: Сојуз на спортови на Скопје