• сабота, 28 септември 2024

Авион со туристи се урна над платото Наска во Перу

Авион со туристи се урна над платото Наска во Перу
Лима, 4 февруари 2022 (МИА) - Седум лица загинаа денеска во несреќа на мал авион кој леташе над геоглифите (древни теренски цртежи) на платото Наска во Перу, објави весникот „Ел Комерсио“. Според изданието, во авионот се наоѓале пет туристи и двајца пилоти. Патниците биле државјани на САД, Чиле и Холандија. Засега не е позната причината за несреќата. Летовите над геоглифите на Наска се исклучително популарни меѓу туристите кои доаѓаат во Перу. Во 1994 година геоглифите се прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО. гт/

Остани поврзан