• четврток, 21 ноември 2024

„Авенир телеком“ го најави новиот „П-28-К“ паметен телефон

„Авенир телеком“ го најави новиот „П-28-К“ паметен телефон

Лос Анџелес, 27 февруари 2024 (МИА) - Компанијата „Авенир телеком“ го најави новиот паметен телефон „Хард кејс П-28-К“, којшто се напојува со батерија со капацитет од 28.000 мегаампер-часови.

Како и неговиот претходник, „П-28-К“ ќе се продава под брендот „Енерџајзер“, со „ИП-69“ сертификат за отпорност. Времето за разговор е 122 часа со едно полнење на батеријата, т.е. нешто повеќе од пет дена, додека во мирување, паметниот уред ќе може да издржи 2.252 часа или речиси 94 дена.

Недостаток на уредот, според познавачите, е тоа што е прилично гломазен. Неговата дебелина е 2,78 цм и тежи 570 грама. Тоа значи дека е повеќе од три пати подебел и потежок од „Ајфон 15“, за споредба. Споменатата батерија со капацитет од 28.000 мАх поддржува брзо полнење од 33 вати, а со помош на полначот од 36 В, што доаѓа со пакетот. Целосно полнење трае помалку од час и половина.

Инаку, телефонот не поддржува 5-Г мрежа, има 8 ГБ РАМ, 256 ГБ внатрешна меморија, како и три задни камери. Тука се и ЛЦД-екранот од 17,2 цм, оперативен систем „Андроид 14“ и процесор „Медија-тек МТ-6789“. Паметниот телефон ќе се продава по цена од 249,99 долари, а продажбата ќе почне во октомври оваа година.  си/мс/

Фото: Енерџајзер

Остани поврзан