• четврток, 26 март 2026

Авганистан: Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Авганистан: Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Кабул, 28 септември 2025 (МИА) – Талибанското Министерство за високо образование забрани 679 учебници и академски книги за авганистанските факултети.

Книгите се забранети со образложение дека содржат идеолошка, верска, политичка, културна и академска несоодветна содржина. Министерството за образование им препорача на факултетите да ги суспендираат забранетите книги и материјали.

Забранетите книги на различни теми, од тие за исламски прашања, право, економија, новинарство, литература и психологија, до оние за инженерство, медицина, земјоделство и екологија.

Книгите што се забранети се издадени од ирански, арапски, западни и авганистански издавачи. Забранети се и книги пишувани од жени, но сè уште се разгледува можноста да бидат забранети сите книги пишувани од жени.

Откако талибанците во 2021 година се вратија на власт во Авганистан девојчињата смеат да посетуваат само основно училиште. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан