Авганистанските власти го ослободија американскиот научник од затвор по една година без јасни обвиненија
- Владата на Авганистанските талибанци денеска објави дека властите го ослободиле американскиот научник Денис Којл, кој е во затвор во Авганистан од јануари 2025 година.
Кабул, 24 март 2026 (МИА) - Владата на Авганистанските талибанци денеска објави дека властите го ослободиле американскиот научник Денис Којл, кој е во затвор во Авганистан од јануари 2025 година.
Во соопштението од Министерството за надворешни работи на земјата се вели дека Којл е ослободен во Кабул по повод Еид ал-Фитр, празникот што следи по светиот муслимански месец на постот.
Министерството соопшти дека американскиот научник е ослободен по жалбата на неговото семејство и откако Врховниот суд на Авганистан „прогласил дека неговата претходна казна затвор е доволна“.
Којл беше приведен во јануари 2025 година под обвинение за кршење на законот, иако авганистанските власти никогаш не кажаа кој закон го прекршил. мс/сд/
фото: Архива