• четврток, 21 ноември 2024

Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера

Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера

Белград, 7 ноември 2024 (МИА) - Српскиот ракометар Илија Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера, соопшти Рaкометната федерација на Србија.

Во соопштението се наведува дека актуелниот член на Пелистер и поранешен ракометар на скопски Врадар, во кој помина 7 години, се простил од репрезентацијата на Србија пред почетокот на натпреварот од првото коло од квалификациите за ЕП 2026 против Летонија (38:25).

Абутовиќ има 36 години, а за српската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 22 гола. дс

Фото: Рaкометната федерација на Србија

Остани поврзан