• четврток, 07 ноември 2024

Абутовиќ потпиша за Еурофарм Пелистер

Абутовиќ потпиша за Еурофарм Пелистер

Битола, 2 јули 2024 (МИА) – Српскиот репрезентативец Илија Абутовиќ е нов член на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер.

Поранешниот ракометар на Вардар доаѓа во Битола од француската лига, каде го носеше дресот на Шартр. 

- Триесет и петгодишниот Абутовиќ се обврза на едногодишен договор со Еурофарм Пелистер. Тој ќе се приклучи на подготовките на екипата во последната недела од јули, соопштија битолчани.

Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован од Љубљана. Во 2011 година потпиша за Вардар и остана седум години. Потоа го чекаше предизвикот Бундеслига и четири години го носеше дресот на Рајн Некар Левен. Последните две сезони ги мина настапувајќи за Шартр.

Абутовиќ има европска клупска титула, пет освоени првенства на Македонија, титули од српските шампионати и Куп, како и четири изданија на СЕХА лигата. зс/

Фото: РК Пелистер

Остани поврзан