• сабота, 15 јуни 2024

АБА му изрече суспензија и парична казна на Лесор

АБА му изрече суспензија и парична казна на Лесор

Белград, 17 март 2023 (МИА) – Кошаркарската АБА лига му изрече денеска суспензија од три натпревари и глоба од 10.000 евра на центарот на белградски Партизан, Матијас Лесор, поради инцидентот на натпреварот против градскиот ривал Црвена ѕвезда кога го удри противничкиот играч Филип Петрушев.

Поради суспензијата Лесор ќе ги пропушти натпревари против Цедевита Олимпија, ФМП и Игокеа.

„Матијас Мичел Лесор, играч ма КК Партизан, се казнува бидејќи на натпреварот број 144, во рамки на 21 коло во АБА лигата, одиграм на 13 март во Белград меѓу КК Партизан и КК Црвена ѕвезда прво го оттурна, а потоа и го удри во пределот на лицето играчот на Црвена ѕвезда Филип Петрушев“, се наведува во одлуката на дисциплинската комисија на АБА лигата. ег ФОТО: Твитер

Остани поврзан