• понеделник, 23 декември 2024

Абазовиќ по одлуката на ДПС: Ќе видиме каков е ставот на мнозинството пратеници

Абазовиќ по одлуката на ДПС: Ќе видиме каков е ставот на мнозинството пратеници
Подгорица, 10 јули 2022 (МИА) - Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ по денешната одлука на претседателството на Демократската партија на социјалистите (ДПС) да ја повлече поддршката на црногорската Влада изјави дека ДПС „ако не е во можност да и помогне, тогаш да не  ѝ одмага на државата“. - Ја поздравувам одлуката на Претседателството на ДПС. Одговорно и државнички е кога не сте во можност да ѝ помогнете на државата, барем да не ѝ одмагате, напиша Абазовиќ на Твитер. Тој оцени дека треба да се види каков е ставот на мнозинството пратеници во Парламентот на Црна Гора. Во соопштението на ДПС се наведува дека „Владата на Црна Гора го смени политичкиот курс, спротивно на политичкиот договор за нејзиното формирање, се откажа од приоритетната задача за исполнување на обврските од евроинтеграциската агенда и набрзина, неодговорно и без консултација со стручната јавност влезе во склучувањето на Договор со СПЦ, нанесувајќи им непроценлива штета на државните интереси“. Црна Гора мора да продолжи понатаму, криминалот, корупцијата и национализмот не се опции. Европската иднина ќе победи, додаде Абазовиќ. Претходно, Социјалдемократската партија претходно ја повлече поддршката за Владата на Абазовиќ, и најави покренување иницијатива за скратување на мандатот на Владата и одржување на вонредни парламентарни избори. Владата на Црна Гора и покрај противење на петмина министри на 8 јули официјално соопшти дека е усвоен Предлогот за усогласениот текст на Основниот договор меѓу Црна Гора и Српската православна црква. Според критичарите документот е штетен за Црна Гора и оти незаконски ги регистрира црногорските културни и верски добра на СПЦ. Малцинската влада на Абазовиќ беше формирана на крајот на април, а доби поддршката од 45 од вкупно 81 пратеник во Парламентот. Заедно со Обединетата реформска акција на Абазовиќ, таа вклучуваше претставници на малцинските народи Хрвати, Бошњаци и Албанци, како и на просрпската Социјалистичка народна партија и СДП. ДПС на Мило Ѓукановиќ не влезе во Владата, но и даде поддршка. ми/

Остани поврзан