• недела, 22 декември 2024

АА: Власта го послуша нашиот предлог за намалување на акцизата и ДДВ-то, но не го прифати целосно

АА: Власта го послуша нашиот предлог за намалување на акцизата и ДДВ-то, но не го прифати целосно
Скопје, 10 март 2022 Шокантното поскапување на нафтените деривати уште еднаш докажа дека одлуката на Владата е само обид за измама на граѓаните и без никаков олеснителен ефект врз домаќинствата. Владата го послуша нашиот предлог за намалување на акцизата и ДДВ-то, но не го прифати целосно тоа што го предложивме, па денеска имаме ефект на драстични поскапувања. Ја повикуваме Владата таксативни да ги прифати нашите предлози. Акцизата на бензините од 22 денари да се намали на 15 денари, додека на дизелот од 15 до 9 денари. Оваа сума треба да биде фиксна и не треба да зависи од движењата на берзата. Предлагаме да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто, а не на 10 отсто како што предлага Владата. Исто така, вредноста на ДДВ-то треба да се замрзне максимално во цената од 28 февруари, што значи да не се смета за новите поскапувања кои би можеле да дојдат од берзата. Секој друг експеримент сериозно ќе им наштети на граѓаните и ќе има влијание и на цените на другите производи. Ќе биде бескорисно да се укине ДДВ за прехранбените производи, ако транспортот и енергијата поскапат за производителите. Алијанса за Албанците __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан