• вторник, 21 ноември 2023

„Аарец“: Во Газа се распоредени 10.000 израелски војници

„Аарец“: Во Газа се распоредени 10.000 израелски војници

Тел Авив, 21 ноември 2023 (МИА) - Израел во моментов има распоредено над 10.000 војници во Појасот Газа, каде што води војна против исламистичкото движење Хамас, кое ја контролира оваа палестинска територија, пишува израелскиот весник „Аарец“, цитиран од ДПА.

Израелскиот дневен весник, што се повикува на податоци на армијата, прецизира дека повеќето од овие војници се лоцирани во населбите Зејтун и Џабалија во градот Газа.

Од почетокот на копнената операција на ИДФ на оваа палестинска територија, кон крајот на минатиот месец, досега се убиени вкупно 66 израелски војници, наведуваат израелските медиуми.

Според „Аарец“, неколку од нив биле жртви на пријателски оган. Израелската армија соопшти дека ги истражува овие инциденти за да извлече поуки за иднината. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан