• петок, 22 ноември 2024

 Фаучи: Епидемијата би можела да биде ставена под контрола на почетокот од 2022 година

 Фаучи: Епидемијата би можела да биде ставена под контрола на почетокот од 2022 година
Вашингтон, 25 август 2021 (МИА) - Главниот медицински советник на Белата куќа, Ентони Фаучи изјави дека Ковид-19 во САД би можел да биде ставен под контрола на почетокот од следната година. - Ако го придобиеме огромното мнозинство од оние 80 до 90 милиони луѓе кои не се вакцинирани, кои се колебаат да се вакцинираат или немале можност, се надевам дека ќе воспоставиме контрола следната пролет, изјави Фаучи. Еден ден откако Американската Агенција за храна и лекови ((ФДА) ги одобри вакцините на Фајзер/Бионтек, Фаучи наведе дека со тоа е создадена можност за имунизација на што поголем број луѓе. Тој изрази надеж дека ФДА ќе одобри вакцинација и на децата против Ковид-19. - Мислам дека постои разумна шанса вакцините на Фајзер или на Модерна да добијат одобрение од ФДА за помладите деца пред престојната сезона на празници, посочи Фаучи. ми/

Остани поврзан