• недела, 19 април 2026

UKMTO: Ирански воени бродови отворија оган врз танкер недалеку од брегот на Оман

UKMTO: Ирански воени бродови отворија оган врз танкер недалеку од брегот на Оман

Лондон, 18 април 2026 (МИА) - Агенцијата за поморски и трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) денеска објави дека воени бродови на Иранската револуционерна гарда (IRGC)  пукале врз еден танкер на околу 35 километри североисточно од Оман.

Британските медиуми пренесувајќи го соопштението на UKMTO наведуваат дека капетанот на танкерот изјавил дека два воени брода на IRGC отвориле оган без радио предупредување идодал дека екипажот и танкерот се безбедни.

Најмалку два други трговски брода денеска соопштија дека врз нив бил пукано додека се обидувале да поминат низ Ормуската Теснина, претходно денеска јавија британските медиуми, повикувајќи се на три неименувани извори запознаени со ситуацијата.сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан