СВР Куманово поднесе кривична пријава против четиринаесетгодишник, го сомничи за шест кражби
- Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 14 годишник од Куманово и го сомничи за шест кривични дела, соопшти денеска СВР Куманово. Полицијата го сомничи дека со употреба на сила влегол во приватни имоти и одзел пари и предмети.
Куманово, 13 август 2025 (МИА) - Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 14 годишник од Куманово и го сомничи за шест кривични дела, соопшти денеска СВР Куманово. Полицијата го сомничи дека со употреба на сила влегол во приватни имоти и одзел пари и предмети.
-Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 14-годишник од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил шест кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, соопшти СВР Куманово. ам/мч/
Фото МИА