• петок, 22 ноември 2024

 Републиканците од Пенсилванија реагираат пред Врховниот суд

 Републиканците од Пенсилванија реагираат пред Врховниот суд
Вашингтон, 6 ноември 2020 (МИА) - Републиканците од Пенсилванија апелираа до Врховниот суд на САД да издаде наредба за одделување на гласачките ливчиња за претседателските избори испратени по пошта, кои пристигнаа по денот на изборите, 3 ноември. Државната секретарка на Пенсилванија, демократката Кети Буквар, веќе им нареди на локалните власти да ги раздвојат гласовите. Како што пренесуваат американските медиуми, Републиканците без докази тврдат дека нејзините наредби не се почитуваат на локално ниво. Тие наведуваат дека е нејасно дали сите окружни одбори се придржуваат до наредбата на Буквар во „постизборниот хаос“. Пенсилванија е една од клучните држави за исходот на претседателските избори во САД, каде сè уште се бројат гласовите, а според последните информации, кандидатот на Демократите Џо Бајден го презеде водството од републиканскиот кандидат Доналд Трамп и сега е во мала предност. паг/

Остани поврзан