• недела, 22 декември 2024

 Одборот за акредитација на високото образование на средба со Стопанската комора: Студиските програми да бидат во чекор со потребите на стопанството 

 Одборот за акредитација на високото образование на средба со Стопанската комора: Студиските програми да бидат во чекор со потребите на стопанството 

11 јуни 2024 

Претседателот на Одборот за акредитација на високото образование проф. д-р Марјан Ѓуровски и Претседателот на Стопанската комора Бранко Азевски остварија заедничка средба со цел да ја интензивираат соработката меѓу двете институции во функција на градење механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата.

Договорено e Одборот и Стопанската комора да потпишат договор за соработка во кој ќе се дефинираат повеќе заеднички активности бидејќи национален интерес е да имаме квалитетно високо образование кое ќе биде во чекор со потребите на стопанството.

Заеднички беше констатирана потребата од анализа на профилот на кадар со високо образование за стопанството, како и оценка на дипломираните студенти и нивната подготвеност во работниот процес.

Покрај на законските услови треба посебно внимание да се посвети на општествената и стопанска оправданоста на студиските програми кои се акредитираат и утврдување на потребниот високо образован кадар за бизнисот во земјата.

Одборот за акредитација на високото образование ќе отвори дијалог меѓу бизнис заедницата и факултетите, односно директен разговор со работодавачите и инвеститорите со цел меѓу себе да си помогнат и да креираат студиски програми  за кои е реална потребата и неопходен кадар за целокупните процеси.

            На средбата во Стопанската комора присуствуваа и потпретседателот на Одборот за акредитација на високото образование проф. д-р Куштрим Ахмети и Претседателот на организацијата на работодавачите Ангел Димитров кој е член на Одборот за акредитација согласно Законот за високо образование.

 

Одбор за акредитација на високото образование

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан