• сабота, 23 ноември 2024

 Николова: Со антикризните мерки на Владата се спречи нов ценовен шок врз граѓаните

 Николова: Со антикризните мерки на Владата се спречи нов ценовен шок врз граѓаните
Скопје, 15 март 2022
Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни мерки го штити стандардот на граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска и енергетска криза.
Пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании.
Со намалување на маржите во комбинација со мерката на нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот остануваат стабилни.
Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените  деривати и горивата за транспорт.
Благодарение на овие антикризни мерки, цената на горивата кај нас се намалува, додека насекаде во регионот таа расте. Бензинот БС-95 сега е намален за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари.
Преку одговорен пристап го штитиме стандардот на сите категории граѓани. Околу 330.000 пензионери за месеците април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од по 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и околу 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош.
Истовремено, важно е да се напомене дека во пакетот антикризни мерки, особено внимание е посветено на мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и на финансиска поддршка за фирмите преку Развојната банка.
И во време на светски кризи, како одговорна партија продолжуваме да работиме на мерки и политики што го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат стабилна економија.

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ  _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан