• среда, 11 март 2026

 Мицкоски попладнево на средба со трговците и претставници на маркетите

 Мицкоски попладнево на средба со трговците и претставници на маркетите

Скопје 11 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски попладнево ќе има средба со трговците и претставници на маркетите. Како што изјави денеска, средбата е закажана за 16.00 часот.

Мицкоски рече дека има јасни пораки и аргументи кои ќе ги изнесе на состанокот.

Тој очекува, како што нагласи, во актуелната состојба на предизвици, сите да се однесуваат во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа, потенцира, се штити и бизнисот.

-Ќе разговараме отворено, како ние како Влада можеме да им помогнеме за да се одржи ценовната стабилност, да не дојде до драматично зголемување на инфлацијата, односно трошоците за живот. Очекувам во овие предизвикувачки услови, сите да се однесуваме во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа се штити и бизнисот. Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во регионот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, за понатаму ќе видиме. Почетокот на годината е ветувачка според сите индикатори и параметри, но ние продолжуваме да работиме во интерес на стандардот на граѓаните. Трошоиците на мало се 1,6 отсто во февруари, што значи дека и базичната инфлација полека но сигурно се смирува. Имам јасни пораки и аргументи за денешниот состанок со трговците, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со странските инвеститори во земјава. мч/сст/

Фото МИА 
 
 
 
 
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан